Актуелно
Општина Аеродром апелира до граѓаните да донираат хуманитарна помош
Општина Аеродром ги отвори основните училишта на нејзина територија за собирање хуманитарна помош за настраданите од поплавените подрачја.
Од Општината информираат дека денеска училиштата ќе бидат отворени од 16:00 до 22:00 часот, а од утре во основните училишта ќе може да се донира секој ден од 08:00 до 22:00 часот.
Апелираат до граѓаните да донираат хуманитарна помош, од која во моментов најпотребна е флаширана вода и храна.