Актуелно
„Орден за заслуги за Македонија“ доби Македонскиот народен театар
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на 25 декември 2015 година, петок, го додели признанието „Орден за заслуги за Македонија“ на Македонскиот народен театар.
„Орденот за заслуги за Македонија“ му се доделува на Македонскиот народен театар по повод 70 години од неговото основање, а особено за успешното презентирање, промовирање и негување на македонското и светското театарско творештво, со што даде исклучителен придонес за збогатувањето на македонската култура и за афирмацијата на Република Македонија во светот.
###