Актуелно
Орландо Блум во Македонија: Актерот ги посети бегалците во прифатниот центар во Гевгелија
Насловната фотографија е преземена од АФП
Познатиот холивудски актер Орландо Блум денеска ги посети бегалците во прифатниот камп во Гевгелија.
Актерот во Македонија пристигна утрово, а неговото доаѓање, кое е дел од мисијата на УНИЦЕФ, се држеше во тајност.
Блум разговараше со дел од мигрантите и се интересираше за нивниот пат, за проблемите во нивните татковини. Тој посебно внимание им посети на децата кои минуваат илјадици километри за да стигнат до Западна Европа. За време на неговиот престој во кампот, Орландо Блум испрати и еден од специјалните возови со мигранти и бегалци, кој тргнува од платформата пред транзитниот центар до северната граница.
Инаку Орландо Блум е амбасадор на добрата волја на Уницеф од октомври 2009 година и често е во посета на критични места низ целиот свет, без разлика дали станува збор за земји зафатени со војна или елементарна непогода.