Осмо ѕвездено небо во чест на Тоше Проески
Традицонално, на 5. октомври верните фанови на легендарниот Тоше Проески ќе учествуваат во формирање ѕвездено небо во негова чест на градскиот плоштад во Скопје.
Годинава ќе биде осма по ред како се одржува овој настан во чест на последниот концерт на Тоше Проески.
-Годините поминуваат но, традицијата, верноста и посветеноста на фановите останува.
И оваа година ве покануваме да бидете дел од настанот кој се одржува по седми пат во чест на последниот концерт на Тоше.
Вашето присуство на овогодинешниот настан би ни причинило посебно задоволство.
Ќе се запрашате зошто?
Време е за нешто НОВО!
Нови мелодии, нови ноти, нова љубовна приказна преточена во НОВА ПЕСНА која ќе биде уште еден доказ за неговата љубов и посветеност кон музиката!, се вели во поканата на Фејсбук страната на фан клубот на Тоше Проески.