Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Основните месечни потреби поголеми од просечната плата исплатена во јануари

Вести

Основните месечни потреби поголеми од просечната плата исплатена во јануари

На едно  четиричлено македонско семејство во јануари му биле потребни 32.354 денари за задоволување на основните месечни потреби, покажува синдикалната минимална кошница што секој месец ја прави Сојузот на синдикати на Македонија. 

Најмногу пари или 13.354 денари му биле потребни за храна и пијалоци, а 10.487 денари за комунални трошоци и одржување на домот. За лична хигиена и за хигиената во домот во јануари биле потребни 2.289 денари, а за превоз 2.349 денари. Останатите пари се за обувки и облека, за здравствени услуги и за културни дејности.

Вредноста на синдикалната минимална кошница е поголема е просечната исплатена нето плата во јануари која според Државниот завод за статистика изнесувала 23.196 денари.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.