Актуелно
Откажани сите манифестации во Универзална сала: Прокиснала покривната конструкција
Сите закажани манифестации ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“(поранешна Универзална сала) се откажуваат заради проблем со покривната конструкција.
„Заради временските прилики и обилните дождови дојде до оштетување на внатрешниот дел на кровната конструкција на ЈУ Конгресен центар ,,Александар Македонски,, односно таванскиот дел во салата за публика. Повикани се надлежни институции за да се констатира моменталната состојба и да се најде соодветно решение“, се вели во соопштението од Конгресниот центар.
Од таму додаваaт дека откако ќе бидат создадени услови за понатамошна работа, Центарот ќе продолжи со работа.