Актуелно
Отказни решенија за анестезиолозите од болницата во Гевгелија
Анестезиолозите од болницата во Гевгелија кои беа дел од тимот кој ја породуваше трудницата кој почина заедно со бебето, добија отказни решенија, бидејќи биле под дејство алкохол.
– Во врска со немилите случувања кои завршија со смртен исход на родилката и новороденото ве известуваме дека управата на ЈЗУ Општа болница Гевгелија врз основа на член 186, став 1, алинеа 13 и член 206, став 1 од Законот за здравствена заштитита, а по добиените наоди дека има недозволоено количество на алкохол во крвта, вд директорот на ЈЗУ Општа болница Гвегелија, на ден 26/10/2015 година донесе решение за изрекување дисциплинска мерка престанок на вработување на здравствен работник: др.Томчо Ванцев и др.Зоран Јовановски – специјалисти по анестезиологија и реанимација, сметано од 26/10/2015, се вели во соопштението од ЈЗУ Општа болница Гевгелија.
Анализата на примероците на крв извршена од страна на Министерството за внатрешни работи покажа 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на лекарите анестезиолози кои учествувале во закажаниот оперативен зафат за породување во Општата болницата во Гевгелија во четвртокот во кој починаа родилката и новороденчето. Кај лекарите гинеколози не е констатирано присуство на алкохол во крвта, соопшти Основното јавно обвинителство – Велес.