Актуелно
Папа Франциско: Ова е дел од трета светска војна
Папата Франциско терористичките напади во Париз ги нарече „дел од трета светска војна“ и ова не е првпат тој да користи вакви формулации.
Папата објасни дека ова не е војна на која сме навикнале, каде има јасно поделени учесници во борбата – држава против држава.
– Ова е дел од трета светска војна. Ова нема никакво верско и човечко оправдување, порача поглаварот на Римокатоличката црква, изразувајќи го своето лично мислење.
Тој истакна дека е многу тажен и не го разбира ваквиот „нечовечки чин“.
Папата Франциско нагласи дека се моли за жртвите, нивните семејства и целиот француски народ.