Вести
Папата Франциско повика на мир во Македонија (ВИДЕО)
По немилите настани и насилието кои изминатата недела се случија во Собранието на Република Македонија, светската јавност се јави со своја реакција.
Голем број од светските медиуми пренесоа за ситуацијата во нашата земја, а своја молитва за Македонија кажа и папата Франциско во својата миса.
Папата Франциско на вчерашната миса ја истакна важноста на демократските вредности во ова општество, а со тоа ја соопшти и својата загриженост за случувањата во Македонија.
Tој се помоли за мир, љубов и сплотеност и порача што поскоро смирување на состојбите во земјава.
Неговата изјава е во 1:40 минута од видеото.
https://www.youtube.com/watch?v=ZIdVyxN7Na8