Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пат низ Европа за 12 македонски студенти

Актуелно

Пат низ Европа за 12 македонски студенти

Во организација на Граѓанската асоцијација МОСТ и ова лето преку проектот „Патуваме во Европа“, 12 студенти од Македонија ќе добијат уникатна можност да ја истражуваат Европа и да ја промовираат својата земја.

Студентите кои сакаат да бидат дел од тимот кој 22 дена ќе патува низ Европа можат да ги поднесат своите апликации до 29 јуни. Конкурсот е отворен за сите студенти во завршна година на студирање или апсолвенти, кои имаат просечна оценка поголема од 8,0 во текот на студирањето. Приоритет имаат оние студенти кои досега немале можност да патуваат.

Од МОСТ, со помош на донаторите и спонзорите, обезбедени се Inter Rail карта за неограничено патување со воз во времетраење од 22 дена, ISIC картичка,  патничко осигурување и дел од средствата кои ќе им бидат потребни за патувањето, на платежна картичка. Дополнително, за сите студенти кои ќе патуваат, донаторот Robert Bosch Stiftung организира фестивал во Берлин, од 25 до 28 јули, после кој секој студент самостојно ќе го продолжи своето Европско патешествие.

Конкурсот за пријавување на студенти е отворен до 29 јуни, а патувањето ќе започне на 25 јули. Аплицирањето е електронски, а формуларите и сите информации и детали за проектот се достапни на интернет страната www.patvoevropa.org.mk.

Целта на овој проект е 12 студенти од Македонија, преку патување и посети, директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури во другите земји, и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија. Во исто време студентите ќе ја промовираат и Македонија.

„Патуваме во Европа” последните девет години е регионален проект, кој освен во Македонија се реализира и во останатите земји од Западен Балкан, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, како и Косово.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.