Вести
ПАТУВА НИЗ ЧАСОВНИТЕ ЗОНИ: Самоа, Нов Зеланд, Австралија влегоа во 2018 (ВИДЕО)
Жителите на јужнопацифичките острови Самоа, Тонга и Кирибати во 11 часот по средноевропско време ја дочекаа 2018 година, а набрзо по нив на пладне по средноевропско време и Нов Зеланд со огномет над престолнината Окленд од кулата Скај висока 200 метри.
Во 14 часот по средноевропско време Нова Година означи и Сиднеј, Австралија. Спектакуларните огномети го осветлуваа небото на Операта, кое бројни медиуми го пренесуваа во живо. 2018-та пристигна и во делови од Русија.
Први јануари последни ќе го дочекаат во Американска Самоа и на островот Нијуе во јужниот дел на Пацификот, бидејќи кај нив 2018 година, по средноевропско време, ќе пристигне дури утре.
https://www.youtube.com/watch?v=4At8qRS5x30