Актуелно
ПЛОШТАДИТЕ СЕ ПОЛНАТ: Новогодишна еуфорија пред најлудата ноќ во годината
Се е подготвено за дочекот на новата 2016 година на градскиот плоштад во Скопје, Охрид, Битола но и низ целата република.
Низ кафулињата во текот на целиот ден се слуша музика, а граѓаните ги користат последните моменти од 2015 за да се подготват за дочекот на најлудата ноќ во годината.
Во главниот град новогодишната програма ќе почне вечерта, во 21 часот, а граѓаните ќе ги забавуваат Оливер Драгоевиќ, Тамара Тодевска и диџеј. На полноќ ќе има богат огномет.
Бендот „Дубиоза Колектив“ и Кирил Џајковски, заедно со T.K. Wonder од 22:30 часот на новогодишната вечер ќе ги забавуваат жителите на општина Центар.
Градските власти и полицијата апелираат граѓаните да се воздржат од употреба на петарди на новогодишната ноќ. За време на пречекот, во центарот на Скопје ќе има зголемено присуство на полиција.
На пречекот на Новата година времето ќе биде ведро и доста студено со температура која ќе се спушти до минус 11 степени. Минималната температурата ќе биде во интервал од минус осум до еден, а максималната од минус два до пет степени.
Затоа облечете се добро и со убава забава прославете ја новата 2016 година.