Вести
ПЛОШТАДИТЕ СЕ ПОЛНАТ: Новогодишна еуфорија пред најлудата ноќ во годината
Се е подготвено за дочекот на новата 2017 година на плоштадот „Јадран“ во Скопје, Прилеп но и низ целата република.
Низ кафулињата во текот на целиот ден се слуша музика, а граѓаните ги користат последните моменти од 2016 за да се подготват за дочекот на најлудата ноќ во годината.
Во главниот град новогодишната програма ќе почне вечерта, во 21 часот, а граѓаните ќе ги забавуваат македонските хип хоп пионери, С.А.Ф., со Јура Стублиќ и Филм и со Забрането Пушење.
Журката започнува после 22:00 часот, добредојдени се сите позитивни луѓе кои сакаат добра забава.
Градските власти и полицијата апелираат граѓаните да се воздржат од употреба на петарди на новогодишната ноќ. За време на пречекот, во центарот на Скопје ќе има зголемено присуство на полиција.
На пречекот на Новата година времето ќе биде ведро и доста студено со температура која ќе се спушти до минус 11 степени. Минималната температурата ќе биде во интервал од минус осум до еден, а максималната од минус два до пет степени.
Затоа облечете се добро и со убава забава прославете ја новата 2017 година.