Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почина момчето кое пред 10 дена беше нападнато во Автокоманда

Вести

Почина момчето кое пред 10 дена беше нападнато во Автокоманда

Утрово во 8.00 часот почина Н.С. (21), кој на 29 јуни физички беше нападнат од страна на три машки лица на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“. 

На 30 јуни Министерството за внатрешни работи соопшти, дека на 29 јуни, околу 17.30 часот, бил физички нападнат Н.С. од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“).

По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот, додека Н.С  со возило на Итна медицинска помош во неконтактибилна состојба е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.

По инцидентот, две лица беа приведени во Полициска станица Кисела Вода поради сомнение дека се можни сторители на кривичното дело.

На 2 јули, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „насилство“.

По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.