Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почна новогодишното украсувањето на Скопје

Актуелно

Почна новогодишното украсувањето на Скопје

Почна украсувањето на Скопје во пресрет на новогодишните и божикните празници. Новогодишното украсување ќе го реализира фирмата „Линк Медиа“, која понуди најниска цена на јавниот повик, за што ќе бидат издвоени околу 10.400.000 денари.

Град Скопје информира дека главна цел е да се понудат естетски решенија за плоштадот и централното градско подрачје.

Годинава ќе бидат поставени две новогодишни елки, една на плоштадот „Македонија“ и една на булеварот „Илинден“, кај Зоолошката градина. Новогодишната елка на плоштадот „Македонија“ ќе биде висока 18 метри, а и самиот плоштад ќе биде накитен со светлосни и други украсни елементи. Новогодишната елка кај ЗОО ќе биде висока девет метри и ќе биде накитена со светлосни декоративни елементи.

Покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро ќе бидат украсени и булеварот „Илинден“ до крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт“, просторот пред Владата, улицата „Даме Груев“, булеварот „Партизански одреди“ до крстосницата со булеварот „8 Септември“ и платото пред Универзална сала.

Ќе бидат украсени и улиците „Димитрие Чуповски“, „11 Октомври“, „ВМРО“, „Филип Втори“, на потегот од крстосницата кај Специјалната болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ до крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, просторот пред Судската палата и булеварот „Гоце Делчев“ од ТЦ „Мавровка“ до Владата.

Ќе се украсува Старата чаршија пред националната галерија Чифте Амам, паркот „Жена борец“, плоштадот ВМРО, просторот пред црквата „Св. Богородица“, плоштадот „Филип Втори“, пред црквата „Св. Димитрија“, улицата „Македонија“ и булеварот „Климент Охридски“ од Владата до зградата на „Нова Македонија“.

Украсувањето ќе заврши на 15 декември, а раскитувањето ќе се одвива од 15 до 18 јануари 2016 година.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.