Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почна реконструкцијата на булеварот „Јане Сандански“

Актуелно

Почна реконструкцијата на булеварот „Јане Сандански“

Денеска, 13.8.2015 година, почна реконструкција на булеварот „Јане Сандански“ на потегот од катната гаража „Илинден“ до крстосницата со улицата Васко Карангелевски.

Сообраќајницата на овој потег ќе се реконструира во должина од 475 метри, во двете насоки. Во текот на градежните работи на булеварот „Јане Сандански“ ќе се отстрани постојниот оштетен асфалтен слој (од двете страни на сообраќајницата), ќе се нивелираат 37 шахти и сливници, ќе се заменат оштетените рабници, а на местата каде што ќе се јави потреба ќе се обнови и носечкиот слој. На површина од околу 9.000 квадратни метри ќе се нанесе нов асфалтен слој Сплит Мастикс од еруптивно потекло којшто дава дополнителен квалитет на асфалтот.

Почетокот на градежните работи на булеварот „Јане Сандански“ го означија градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски.

– „Со реконструирањето на коловозот на овој потег ќе се подобрат сообраќајните услови во Општина Аеродром“, изјави градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот Коневски изјави дека ова е уште една потврда дека добрата соработка со Град Скопје дава позитивни резултати за подобрување на условите за живот на граѓаните, особено што станува збор за исклучително фреквентен булевар.

Исто така, во текот на градежните работи ќе се обнови дел и од велосипедската патека од двете страни на булеварот, на вкупна површина од 300 квадратни метри.

Овој проект е продолжување на проектот за реконструкција на булеварот „Јане Сандански“ што Градот Скопје го реализира во 2012 година, кога булеварот доби нов асфалт на потегот од крстосницата со булеварот „Србија“ до крстосницата кај катната гаража „Илинден“.

Имено, булеварот „Јане Сандански“ е изграден во раните `80-ти години и досега ниту еднаш не е реконструиран. Асфалтот на булеварот е многу оштетен и заради безбедно одвивање на сообраќајот Градот Скопје ќе го реализира проектот за негова реконструкција.

Во текот на реконструкцијата на коловозот ќе се воведе привремен сообраќаен режим, поради што се апелира до граѓаните да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.