Актуелно
Почна вакцинацијата против сезонски грип
Во сите центри за јавно здравје во државата почна вакцинацијата против сезонски грип. Обезбедени се 31.000 вакцини.
Вакцинирањето против сезонски грип се препорачува најмногу за постарите лица, хронично болните лица, посебно оние со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, дијабетес, како и за бремени жени, здравствени работници и за мали деца со намален имунитет.
Вакцината против сезонски грип е произведена согласно препораките на Светската здравствена организација. Штити од вирус на грип од типот А (Х1Н1), типот А (Х3Н2) и од групата Б. Вакцинирањето против сезонски грип чини 400 денари.