Вести
Почнува второто полугодие за основците и средношколците
Околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци, денеска се враќаат во училишните клупи за почетокот на второто полугодие од учебната 2016/2017 година.
Зимскиот распуст заврши вчера со два дополнителни наставни дена (18-ти и 20 јануари), по препораката од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да се избегне опасноста од ширење на грипот.
Од наредниот понеделник, пак, 30 јануари, ќе почне екстерното тестирање на 18.600 матуранти, кое ќе трае до 3 февруари 2017 година.