Вести
Почувствуван земјотрес во Охрид и Ресен
Земјотрес со интензитет III-IV степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во 22 часот и 34 минути во Охрид и Ресен, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот бил со јачина од 2.9 степени.
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри западно од Охрид.