Актуелно
Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија
Земјотрес со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван изутринава во 05 часот и 40 минути во југоисточните делови на Република Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил во соседна Грција со магнитуда од 3,8 степени според Рихтеровата скала.
Ова е втор земјотрес во изминатите 24 часа со епицентар во Грција кој е почувствува во југоисточна Македонија. Првиот беше регистриран вчера во 13 часот и 12 минути со магнитуда од 4,7 сптепени според Рихтер.