Вести
Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија
Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 10 часот и 15 минути во југоисточните делови на Република Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил во соседна Грција со магнитуда од 4.1 степени според Рихтеровата скала.