Актуелно
Поднесено обвинение против возачот кој усмрти малолетник кај Католичка црква
Насловната фотографија е преземена од Фејсбук
Поднесено е обвинение против возачот кој на 15 ноември минатата година усмрти пешак кај Католичка црква, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје.
Според ОЈО, обвинетиот возел со преголема брзина, 100 километри на час, поради што удрил во пешакот кој минувал на обележан пешачки премин и го усмртил.
– Обвинетиот управувал со патничко моторно возило по левата сообраќајна лента од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје. Кога дошол на крстосницата со ул.„9 ти мај“, постапил спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот, возилото не го запрел пред обележаниот пешачки премин и не ги пропуштил пешаците кои почнале да чекорат на обележаниот пешачки премин, стои во соопштението од ОЈО.