Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Полицијата и АРМ долж границата, се пропуштаат ограничен број мигранти

Актуелно

Полицијата и АРМ долж границата, се пропуштаат ограничен број мигранти

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека согласно владината одлука за прогласување кризна состојба долж пограничните региони, распоредени се полициски службеници на граничната линија кон соседна Грција, а во текот на денот се очекува на нив да им се приклучи и Армијата на Република Македонија.

Оттаму истакнуваат дека полицијата постапува согласно наредбите и овластувањата за заштита на државната граница.

– Се дозволува влез на лимитиран број на илегални мигранти од поранливите категории кои може да бидат згрижени и соодветно третирани согласно капацитетите на државата, се наведува во соопштението од МВР.

Во последните 24 часа, како што информира МВР, неколкукратно е помал и бројот на издадени потврди за мигрантите за разлика од претходните денови кога дневно се издавале потврди на повеќе од 1300 странски државјани.

Така, од 08 часот вчера до 08 часот утринава издадени се потврди на 181 странски државјани, од кои 145 се од машки пол, 17 жени, девет деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија (148), Бангладеж (21), Пакистан (8), а другите се во помал број.

Од 19 јуни до денеска на вкупно 41.595 странски државјани им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија (33.609), потоа Авганистан (2.073), Ирак (1.948), Пакистан (1.206), Сомалија (562), Палестина (560), Конго (301), Бангладеж (251), Нигерија (142), Камерун (140) Еритреја (140), Етиопија (109)……

Од вчера утрината до денеска двајца државјани на Сирија поднеле барање за признавање на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, а од започнувањето на издавањето на потврдите поднесени се 49 вакви барања. Од нив, 36 барања се од државјани на Сирија, три барања од државјани од Пакистан и Авганистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак и едно барање од државјанин на Египет.

Во Прифатениот центар за баратели на азил вчера се евидентирани вкупно 11 баратели на азил од кои шест се мажи, две жени и три деца. Во текот на вчерашниот ден до 17 часот од мобилните екипи на Црвениот крст им е укажана прва помош на околу 125 лица меѓу кои имало и 16 трудници. Дистрибуирани се 120 шишиња вода, 17 пакети со храна, 15 хигиенски пакети за жени, 15 хигиенски пакети за мажи, 80 пелени, 8 кебиња и 15 пакети за бебиња.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.