Вести
Половина милион лица маршираа за мир во Барселона
Околу половина милион луѓе учествуваа синоќа во „Маршот за мир“ во Барселона, откако пред десет дена беа извршени два терористички напади.
Учесниците во маршот извикуваа „Не се плашам“, со што јавно го отфрлија насилството после нападите, во кои беа убиени 15 лица, а истиот слоган на каталонски јазик беше напишан на бел транспарент, поставен долж улицата каде беше извршен нападот.
Маршот го предводена вработените во Итната помош, таксисти, полицајци, пожарникари, стопанственици и граѓани кои дошле во помош, веднаш по нападот во улицата Лас Рамблас.
Од Барселона е испратена порака на единство, откако на маршот се приклучија и претставници на шпанските централни, регионални и локални власти, а се придружи и кралот Филип Шести, како прв шпански монарх кој учествувал во некој јавен протест.
Сепак, дел од граѓаните ги исвиркаа претставниците на власта, а со пораки на транспарентите го критикуваа кралот за неговата улога во промовирањето на воен извоз за Саудиска Арабија.
Стотици доброволци поделија рози од локалното здружение на цвеќари, и тоа 50.000 црвени, 10.000 жолти и 10.000 бели рози, што се боите на грбот на Барселона.
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.