Вести
Поплавен дел од „Јужен булевар“
Соообраќајот на „Јужен булевар“ во Скопје од изутринава се пренасочува по улицата „Јордан Мијалков“.
Како што потврдија за МИА од МВР, пренасочувањето е поради насобрана поголема количина на вода зад Трговскиот центар „Рамстор“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека се работи за дефект со канализацијата, кој утрово бил пријавен. На терен се две цистерни.