Вести
Поплавен подвозникот кај Матка, заглавени четири возила
Подвозникот кај клучката Матка во близина на бензинската пумпа „Бис Оил“ е поплавен во висина од еден метар, соопшти Авто мото сојузот на Македонија, повикувајќи се на информација од РЦУК.
Поплавувањето е настаното заради врнежите од дожд и дефект на водоводната мрежа.
Заглавени биле четири возила, а патниците биле извлечени од страна на Бригадата на противпожарна заштита.
На терен се уште работат екипи.