Актуелно
ПОПУЛАРНО СЛАВИ РОДЕНДЕН: Четири години ги спојуваме вистината и забавата!
Нашиот интернет портал Популарно.мк денеска одбележува четири години од своето основање на 14 јули 2012 година.
Во текот на нашето четиригодишно постоење нашата редакција одброи вкупно 10 члена, новинари, фоторепортери и соработници, 55 колумни, 317 интервјуа, 11.377 вести и објави, 14.500 фејсбук фанови, 388.000 допаѓања и споделувања, 1.000.000 прикачени фотографии и 9.432.000 посетители.
Четворката е само бројка, бидејќи не можат да се избројат искуството, пријателствата, интервјуата, патувањата, дружбата, настаните и забавите изминатите четири години!
Продолжете да бидете нашата мотивација, а ние ветуваме уште многу години заедничка дружба.
Искрено, од уредникот Ѓорги Селков и редакцијата на Популарно.мк