Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Популарноста ги следи храбрите: Македонија ги очекува назад „Ноќните Волци“

Актуелно

Популарноста ги следи храбрите: Македонија ги очекува назад „Ноќните Волци“

Претседателот на мото клубот „Ноќни Волци“ за Балканот, Ленин Јовановски, во име на познатата максима на Александар Македонски „среќата ги следи храбрите“ свесен за ризикот, но со голем ентузијазам тргна кон Берлин, со преку 40 членови на мото клубот од европските држави, по повод одбележувањето 70 години од Денот на победата над фашизмот.

Храбрите ги сака и популарноста, доказ за тоа е големата еуфорија и восхит со кои беа пречекани од симпатизерите на клубот и народот на Прага, деца и родители, новинари и свештеници, обични и необични, со еден збор граѓани со јасна поддршка за пораката која Ноќните Волци на две тркала ја носеа во Берлин.

Но, до целта стасаа Ноќните Волци без лидерот, кој беше бесправно уапсен од германската полиција и спречен да присуствува на прославата, сметајќи го за директна закана и опасност за безбедноста на Германија со следното образложение:

– „Врз основ на очекуваната поларизација на „Ноќните Волци“ во рамките на настаните, во Германија и други земји од Шенген-зоната, за комеморација на 70 години од завршување на војната, не се исклучени контра-прослави коишто, заедно со настапот на „Ноќните Волци“, не би биле достојни на поводот на прославата. Нивното влегување во земјата би било спротивно на политичката цел за комеморација и на споменот во духот на помирување…“

11230207_840103106061904_1709399121_o

Краткиот коментар на Ленин за таквата постапка на германската полиција беше дека тоа е ПОЛИТИЧКА ПАРАНОЈА!

Адвокатскиот тим од Германија, кој го брани Ленин Јовановски во постапката по наводното сторено кривично дело кое му се става на товар во жалбата, потенцира:

– „Вашето смешно образложение со кое го скративте правото на слобода и истовремено го претворивте и во кривично дело е спротивно на здравиот разум. Мандантот, Ленин Јовановски е почитуван граѓанин на Македонија, угледна личност и неговото апсење предизвика значително внимание во неговата татковина и на Балканот. Од таму, на мојот клиент многу му е важно да се утврди дека сте постапиле против законот“

Утредента, Путин испрати порака од Црвениот плоштад дека ,,несреќната Европа не можела веднаш да ја препознае опасноста од идеологијата на нацизмот и денес историјата повторно апелира на разум, затоа што расизмот го втурна светот во една од најкрвавите војни со учество на 80% од жителите на планетата. Последните десет години, основните принципи на меѓународната соработка за човекови права се повеќе се игнорираат, а задача на Русија е да создаде еднаквост на сите народи ,, (Политика, 10 мај 2015 ). Во говорот на Путин немало никакви алузии за сегашното заострување на односите со Западот, а првенствено со Америка.

Следствено на ова, и случајот на Ленин Јовановски е уште едно политичко препукување и провокација од Европа (САД) кон Русија.

Инаку, Ангела Меркел после тоа ја посети Москва и се ракуваше со Путин, истото што Ленин Јовановски неколку пати го направи со рускиот претседател. Во шега Ленин постави прашање: “дали и нејзиното ракување ќе биде провокација, опасност и причина да и го забранат присуството на германска територија? “ И толку за политиката…

Македонија ги очекува назад своите Ноќни Волци кои ќе бидат пречекани со почит од своите поддржувачи и од страна на Руската амбасада во Скопје.

11266124_840101822728699_969466569_o

Превод: Нашето дело е праведно, ние победивме. Ноќни Волци, Ленин – Хирург, наши лидери, наша гордост

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.