Актуелно
Поради сообраќајка, задржување на возилата на ГП Богородица
Августовската смена на туристи и продолжениот илинденски викенд предизвика поголема сообраќајна раздвиженост од вообичаената на граничниот премин Богородица.
– Утрово, во краток временски интервал имаше подолго задржување на возилата за излез од Македонија, но не поради должината на царинските формалности, туку поради сообраќајна несреќа кај гевгелиското село Прдејци, која заврши само со материјална штета, изјави командирот Митко Илиев.
Како што информираа од граничната полиција, сите возила што во тој момент биле задржани до расчистување на патот пристигнале речиси истовремено на граничниот премин поради што настанало подолгото задржување.
– Од наша страна возилата се пропуштале по задржување од половина час, а на грчка страна тие се задржувале и до еден час и покрај тоа што на преминот Евзони возилата се пропуштаат низ девет ленти. Во моментот на Богородица состојбата е нормализирана. Задржувањето на возилата трае најдолго 15 минути за излез и влез во земјава, информира Илиев.
На грчка страна се чека подолго и покрај тоа што функционираат сите коловозни ленти.