Актуелно
Посвежо и со засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде сончево и посвежо со мала локална облачност и со засилен, а на моменти и силен северен ветер со брзина и над 80 километри на час, особено долж Повардарието.
Температурата ќе се движи од 14 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и посвежо со мала локална облачност и со засилен, а на моменти и силен северен ветер. Температура до 19 степени.
Утре поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе дува засилен, а на моменти и силен северен ветер со брзина и над 80 км/час, особено вдолж Повардарието. Тоа ќе услови значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени. Потоа до сабота ќе биде стабилно и суво со благ пораст на дневната температура, која ќе биде во рамки на просекот за овој период од годината.