Вести
Пожар во зградата на МО и Генералштабот на АРМ
Поради дефект во електрична инсталација во објектот на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ вчера околу 17:00 часот настанал пожар во кој нема повредени, а материјалната штета дополнително ќе се утврдува, соопшти денеска МВР.
Според полицискиот билтен, вчера околу 17:00 часот било пријавено дека на ул. „Орце Николов“ поточно во објектот на Министерство за одбрана и Генералштабот на АРМ, поради дефект во електрична инсталација во зградата настанал пожар, кој зафатил и дел од покривната конструкција.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.