Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пратениците се враќаат на работа

Вести

Пратениците се враќаат на работа

Собранието на Република Македонија од денеска почнува со работа по годишниот одмор што пратениците го користеа од 18-ти месецов.

Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, за денеска се закажани седници на Комисијата за  надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање. На дневен ред се извештаите за работата на Управата за безбедност и контраразузнавање за 2016 година и на Агенцијата за разузнавање.

За денеска е најавена и средба на членовите на Комисијата за одбрана и безбедност со делегација на Парламентот на Велика Британија.

Пленарна седница е закажана за 4-ти септември на која пратениците треба да расправаат за Предлогот за огласување именување Јавен обвинител на Република Македонија.

По разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, Владата на 22 месецов донесе заклучок да му предложи на Собранието на Република Македонија да го огласи именувањето Јавен обвинител на Република Македонија.

Постапката се спроведува согласно член 41 од Законот за Јавното обвинителство.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.