Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ПРАЗНИЧНА ПРОГНОЗА: Од понеделник заладување за пет до шест степени

Вести

ПРАЗНИЧНА ПРОГНОЗА: Од понеделник заладување за пет до шест степени

Опаѓање на температурата за пет до шест степени се очекува од утре вечер кога Македонија ќе ја зафати влажен бран, проследен со поројни врнежи, грмежи и засилен северен ветер.

Како што информира УХМР, промената на времето ќе почне утре попладне и во вечерните часови, а на места ќе наврнат и над 25 литри дожд на метар квадратен.

Поројни врнежи и грмежи се очекуваат особено во северозападните и источните делови од земјава.

И во понеделник ќе има повремени врнежи дожд, најмногу претпладне. Кон крајот на денот и ноќта према вторник облачноста ќе се намалува, но ќе се задржи ветровито и посвежо. Утринските температури во вторник и петок идната недела некаде ќе паднат и под нулата, а максималните ќе се движат од 17 до 20 степени. За среда, пак, УХМР најавува нов влажен и постуден бран од северозапад кој ќе биде проследен со повремени врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови и снег. Ќе дува засилен ветер од југозападен, а попладне и во четврток преку денот од западен и северозападен правец.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.