Актуелно
ПРАЗНИЧНА ПРОГНОЗА: Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи
Времето во Македонија ќе биде умерено облачно, а попладне ќе има локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од западен и југозападен правец кој ќе достигнува брзина од над 70 км/час, особено во западните делови.
Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време со утринска температура до седум и со дневна до 23 степени.
Локален дожд и умерен повремено засилен ветер од северозападен правец ќе има и во среда кога утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 16 до 24 степени.
Во четврток во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и потопло време, а во источните делови можна е изолирана појава на краткотраен дожд.