Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Преку Програмата Гаранција ОКТА повторно го потврди квалитетот на горивата

Актуелно

Преку Програмата Гаранција ОКТА повторно го потврди квалитетот на горивата

Пред неколку месеци компанијата започна со спроведување на уникатната Програма Гаранција за контрола на квалитетот и количината на горивата на сите бензински станици со брендот ОКТА.

Како дел од Програмата, тим од независни контролори спроведуваше редовни и ненајавени проверки. Досегашните резултати покажаа стабилност во квалитетот и количината на горивата кои може да се најдат во целокупната малопродажна мрежа на ОКТА.

„Следејќи го примерот на останатите компании кои се дел од групацијата Хеленик Петролеум, во ОКТА ја создадовме Програмата Гаранција како нова алка во ланецот на обезбедување постојан квалитет и количина за нашите потрошувачи. Со оглед на тоа што контролите се спроведуваат на самите бензински станици, програмата претставува уште една потврда дека во ОКТА имаме развиено систем кој овозможува континуиран мониторинг на нашите горива во сите фази на синџирот на снабдување. Ќе продолжиме активно да ја спроведуваме Програмата и оваа година, и на тој начин ќе направиме нашите  потрошувачи да се чувствуваат заштитени и сигурни за секој литар купен на бензинските станици ОКТА”, изјави Вук Радовиќ, Директор на снабдување и трговија во ОКТА.

Како дел од Програмата, проверените автомати за полнење гориво се обележуваат со жолта контролна лента за гарантирана количина на која пишува „Проверено”. Анализите на квалитетот на горивата се вршат на самата бензинска станица, но и во лабораториски услови, со што се гарантира веродостојноста на примерокот и проверките.

Програмата продолжува да се имплементира и во наредниот период. Мобилната лабораторија заедно со независниот тим специјално обучен за оваа намена, континуирано и ненајавено ќе спроведува контроли низ целокупната малопродажна мрежа со бренд ОКТА.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.