Вести
Престрелка во Чаир – еден починат, еден тешко повреден
Еден починат и еден тешко ранет е епилогот од синоќешната оружена престрелка што се случила околу 22:30 часот во скопски Чаир.
Убиен е Исмет А., а Ќемал Л. со прострелна рана е пренесен во болницата „Св. Наум Охридски”.
– На улицата „Лазо Трповски“ во скопски Чаир, вчера околу 22:30 имало пукање од огнено оеужје. На лице место починал И.А. од село Блаце, а тешко повреден е Љ.Ќ., кој живеел недалеку од местото на инцидентот, потврдија за МИА од МВР.
Во жртвите било пукано од автоматско оружје. МВР почна потрага по убиецот, а во тек е детална истрага за овој немил настан.