Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пресуда за грабежот во НЛБ банка

Вести

Пресуда за грабежот во НЛБ банка

Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да биде соопштена пресудата на обвинетите за грабежот во НЛБ банка.

Скопското Јавно обвинителство на рочиште што се одржа на 27 октомври побара од Судот на обвинетите за грабежот да им одреди највисока казна, која според Кривичниот законик изнесува 10 години.

Четворицата обвинети за грабежот ја признаа вина, но не открија што сториле со украдените пари.

Јавното обвинителство соопшти дека четворицата се изјасниле за виновни и оти со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање на процесите на работата во банката, противправно присвоиле парични средства во значителен износ од 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра.

На 10 април годинава извршиле кражба и на 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра.

Адвокатите побараа поблаги казни, бидејќи обвинетите ја признале вината.

Единствена олеснителна околност која може да им ја намали казната е тоа што обвинетите досега не се евидентирани како сторители на кривични дела.

Надлежниот обвинител кој постапува во предметот до Судот доставил и обвинителен предлог против други четири лица, на кои како одговорни лица во банката врз основа на општ акт, со посебно овластување им биле доверени определен круг на работи, но тие несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа го овозможиле противправното присвојување на паричните средства во горенаведениот износ. Постапката против овие четири лица продолжува одвоено.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.