Актуелно
Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд и грмежи
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната највисока во интервал од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 19 до 34 степени.
Во вторник во претпладневните часови времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури. Од среда се очекува претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури.