Принцот Хари и Меган застанаа на страната од Украина
По руската инвазија на Украина, реакциите на јавноста не престануваат, а многу познати личности исто така ги осудија делата кои во четвртокот го шокираа целиот свет. Принцот Хари (37) и Меган Маркл (40) ја поддржаа Украинците.
На официјалната веб-страница на нивната фондација „Archewell“, војводата и војвотката од Сасекс објавија изјава за војната во Украина.
-Принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс и сите ние во „Archewell“, стоиме покрај народот на Украина против ова прекршување на меѓународното и хуманитарното право и ја повикуваме глобалната заедница и нивните лидери да го сторат истото – велат тие.
Кралицата Елизабета Втора (95) и британското кралско семејство сè уште не се изјасниле за руската инвазија на Украина, но многумина се уште се сеќаваат на принцот Чарлс кој наводно во неформален разговор во 2014 година, за време на руската анексија на Крим, го споредил рускиот претседател Владимир Путин со нацистичкиот лидер Хитлер.