Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Приведени уште три лица за нередите во Собранието

Вести

Приведени уште три лица за нередите во Собранието

Уште три лица се приведени синоќа во рамки на мерките за целосно расчистување на нередите што се случија минатиот четврток во Собранието, соопшти МВР.

Станува збор за В.Н. (45), Д.П. (33) и В.Ц. (33), сите од Скопје, кои се сомничат за извршени кривични дела „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ и „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

На В.Н. веќе му е изречена мерка притвор во траење од осум дена.

Според МВР, синоќа, исто така, во Полициската станица Кисела Вода сам се пријавил и В.Т. (40), осомничен за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

– До овој момент на сила се уште централни расписи за осум лица, по кои полицијата трага. Досега од 12 -те приведени, за шестмина од нив е изречена мерка притвор во траење од по осум дена, за едно лице мерка домашен притвор, а за две лица мерка – претпазливост, информира МВР.

СВР Скопје во координација со Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје досега поднесе кривични пријави за 20 идентификувани лица – учесници во нередите во Парламентот. До ОЈО Скопје се поднесени и извештаи за досега собраните сознанија околу лица организатори на протестот, како и лица кои учествувале во отстранување на претходно поставената блокада на вратата од внатрешната страна од главниот влез на собраниската зграда.

– Продолжува деталната истрага за натамошно идентификување лица кои евентуално учествувале во нередите, вклучително и околу вчера откриената импровизирана експлозивна направа на првиот кат во зградата на Собранието на Република Македонија  (плинска боца од 300 милилитри на која со селотејп лента била залепени пиротехнички средства-петарди поставени една до друга), дополнува МВР.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.