Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Продолжува потрагата по урнатиот египетски авион

Актуелно

Продолжува потрагата по урнатиот египетски авион

Меѓународните напори за пронаоѓање на остатоците на авионот на компанијата „Иџипт Ер“, кој вчера се урна во источниот дел на Средоземното Море, продолжуваат и денеска, јави ДПА.

Во реонот во кој се претпоставува дека се урна „Ербасот А320“ на летот од Париз до Каиро, на околу 280 километри од бреговите на Египет, се наоѓаат египетски, француски и грчки бродови и летала, кои трагаат по остатоците на авионот.

Во Каиро синоќа допатуваат тројца претставници на Службата за истражување и анализи на безбедноста при француската Агенција за цивилно воздухопловство, како и технички експерти на авиопоризводителот „Ербас“.

ТАСС јави дека во Каиро пристигнале и роднини на 15-те француски државјани, кои се наоѓаа меѓу 66 патници и членови на екипажот во египетскиот авион.

Доцна синоѓа авикомпанијата „Иџипт Ер“ ги демантираше информациите што претходно самата ги објави дека биле пронајдени остатоци на ураниот авион.

– Признавме дека згрешувме кога објавивме дека се пронајдени остатоци. Она што го идентификувавме како остатоци не е дел од нашиот авион, изјави потпретседателот на „Иџипт Ер“, Ахмед Адел за телевизијата Си-Ен-Ен, додавајќи дека потрагата по „Ербасот“ продолжува.

Претходно вчера Адел објави дека спасувачките екипи пронашле делови од авионот во водите на Средоземното Море.

Францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро изутринава изјави дека нема апсолутно никакви индикации за причините за вчерашната несреќа на египетскиот авион.

Египетските власти соопштија оти постои можност причина за падот на авионот да е терористички напад.

– Се разгледуваат сите хипотези, но ниту една не преовладува, бидејќи немаме апсолутно никакви индикации за причините, рече Еро за телевизијата Франс-2.

Еро за утре свика средба со семејствата на патниците и претставници на државата со цел да се „добијат целосни и транспарентни имформации“.

Американски експерти од своја страна соопштија дека сателитските снимки не укажуваат дека имало експлозија во авионот на „Иџипт Ер“, со што ја отфрилја претпоставката дека во леталото експлодирала бомба.

Анинимен експерт на американските разузнавачки служби сепак нагалси дека тоа е првичен заклучок и дека се уште не е исклучена ниту една можност за причините за падот на авионот – дефект, тероризам или човечка грешка.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.