Вести
Променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Од денеска следува период на променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси.
Ќе дува засилен северозападен ветер, а дневната температура од вторник значително ќе се намали.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната максимална температура на воздухот ќе се движи во интервал од 28 до 35 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се спушти на 18 степени, а дневната ќе достигне до 33.