Вести
Променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со кратки сончеви периоди, но и со повремени локални врнежи од дожд, наместа ќе има и појава на грмежи, особено во југоисточните делови каде на некои места се очекува да наврнат околу 30 литри на метар квадратен воден талог. Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 21 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и со појава на грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 26 степени.
Од четврток во попладневните часови се очекува повторно стабилизирање и извесно затоплување на времето.