Вести
Променливо облачно, попладне на места нестабилно со пороен дожд
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со поројни врнежи од дожд (локално над 25л/м2) и појава на грмежи. Ќе дува умерен југозападен, а кон крајот на денот и ноќта засилен северен ветер.
Температурата ќе се движи од 11 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со поројни врнежи од дожд. Ќе дува умерен југозападен, а кон крајот на денот и ноќта засилен северен ветер.
Температурата ќе достигне до 21 степени.
И во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, особено претпладне, а кон крајот на денот и ноќта према вторник облачноста ќе се намалува, но ќе се задржи ветровито и посвежо.