Вести
Променливо облачно со дожд, на планините снег
Времето во Македонија е облачно со врнежи од дожд, главно со слаб интензитет. На планините над 1000 метри надморска височина има и врнежи од снег. Долж Повардарието дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Изутринава не се забележани минусни температури. Најстуденот било во Ѓуриште, Маврово, Крушево и Лазарополе каде се измерени 0 степени. Во Куманово 1, во Пожаране и во Крива Паланка 2, во Претор, Берово, Скопје Петровец и Тополчани 3 степени, во Скопје Зајчев Рид, Дебар, Штип, Прилеп и Тетово 4 степени, во Виница и Охрид 5 степени, во Битола и Демир Капија 6, во Струмица 7 и во Дојран и Гевгелија 8 степени.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнаа во Крива Паланка 23 литри на метар квадратен, 17 во Дебар, 16 во Скопје Зајчев Рид и Куманово, во Берово, Охрид и Лазарополе 12 литри на метар квадратен.
Времетои денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе бидат позастапени во западните делови, но ќе бидат послаби. На планините ќе врне снег, а до крајот на денот снежната граница ќе се спушти до околу 600 метри надморска висина. Ќе дува умерен, а на југоистокот повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со умерен северен ветер и со повремен слаб дожд, а кон крајот на денот понекаде и во Скопската котлина можно е да провејува слаб снег. Температурата ќе се движи до 6 степени.
Утре времето ќе биде значително облачно и студено со локален слаб снег, особено на запад. Ќе дува умерен северен ветер, а температурата значително ќе опадне.
Под влијание на студена воздушна маса од вторник до петок времето ќе биде стабилно и многу студено со умерен северен ветер.
Утринската температура во овие денови ќе се спушта во интервал од -10 до -3, а дневната ќе се движи околу нулата.