Актуелно
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Локално се очекува да наврнат околу 30 л/м2 воден талог, а ветерот да достигнува брзина од околу 80 км/ч. Ќе има и услови за изолирана појава на град.
Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 14 до 19 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со повремен дожд. Попладне времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
Врнежи од дожд ќе има и во четврток, особено во западните делови. Ќе дува умерен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура. На планините врнежите ќе преминуваат во снег.