Вести
Променливо облачно со температура до 18 степени – викендов заладување
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, кон средината на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините умерен ветер претежно од јужен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 18 степени.
Утринската температура се движеше од -3 во Берово, -2 Лазарополе, -1 Маврово и Претор, 0 Дебар, Крива Паланка, Битола и Струмица, 1 Прилеп, Демир Капија, Охрид, Крушево и Штип, 2 Тетово и Гевгелија, 3 Скопје, Тополчани, Куманово, Виница и Пожаране, 4 Ѓуриште, до 6 Дојран.
Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 14 степени.
До петок времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура, по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.
В петок кон крајот на денот и в сабота се очекува преку нашево подрачје да помине краток и релативно влажен бран. Ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, на планините во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од снег.
Температурата ќе опадне за неколку степени, а потоа се очекува повторно стабилизирање и затоплување на временската состојба кај нас.