Вести
Променливо облачно со температура до 26 степени
Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец.
Пообилни врнежи се очекуваат во раните утрински и во претпладневните часови во западните делови, а попладне повеќе врнежи ќе има на истокот. Врнежите ќе бидат полокализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 22 до 26 степени. УВ-вредноста ќе изнесува 5.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 26 степени.
Утре и во понеделник времето ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури на воздухот. Во понеделник во текот на ноќта и во вторник преку денот повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, но претежно во западните делови од земјава. Во понеделник и во вторник ќе дува засилен југозападен ветер.