Актуелно
Променливо облачно со услови за дожд на планините
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во пладневните часови ќе има повремен локален дожд, особено во планинските региони.
Попладне во планинските делови ќе има и услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.
Утринската температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а дневната од 23 до 29 степени.
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Од пладне ќе има услови за повремен слаб дожд. Утринската температура ќе биде 15, а дневната ќе достигне до 28 степени.
Променливо облачно време со повремен локален дожд, особено во попладневните часови, кога ќе има и појава на ретки грмежи ќе преовладува до среда. Ќе дува умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието. Од четврток ќе преовладува претежно сончево и потопло време, попладне со умерена облачност.