Актуелно
Промоција на системот за електронска наплата во автобусите
Градот Скопје денеска ќе ги промовира проектот за воведување Систем за автоматска локација на возила и Систем за електронска наплата во автобусите на јавниот градски превоз.
Се очекува новиот систем да помогне за решавање на проблемите во јавниот превоз со наплатата, контролата на движењето на автобусите и запазувањето на возниот ред, а предност за патниците ќе биде воведувањето еден билет кој ќе важи и во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие и кај приватните превозници. Ќе се овозможи наплата на билет со картички и со мобилен телефон.
На денешната промоција на проектот ќе зборуваат министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Игор Јанушев.